| Radovan Pavlovski | |
| Thief | Od stihozbirkata "Stit",dobitnik na nagradata "Braka Miladinovci" za najodbra stihozbirka od makeodnski avtor pomegu dve SVP(Struski veceri na poezijata) Zastitna povelba Poezijata svoja priroda ima Ona sto e od sudbina Na srce go nosam I vo koe vereme da se najdam Vo mene vreme i narod ima Semeto nevidlivo So mene sleano Vo nevidliv obrac se vrti Nezastitenoto Mene nezastiten me stiti Megu zivotot i smrtta Kako megu dve tatkovini Najtesko e so stitot Da se probies Niz sopstvenata odbrana A jas se probiv. |
| melpomena | Прва стража Меѓу цветовите и камењата подоцна ќе се јави оган и модра веда ќе фркне до изворите Речникот на Природата ќе дојде до збор да ја изговори својата тајна Сега пред нас ти татко с#232; знаеш а замолче Синоќа префрлавме планини на болот и штом со очите се видовме ти ги склопи очите а те осветлија големи светлини Жалоста наша да биде строга и затегната како бајрак во бој Убавината што не испушта од себе ни меч ни перо ни благост на плод и ведра нежност на цвет а за тоа да не дознае светот-твојот лик за нас да се задржи за вечност чисто и совршено лице на цонцето што вчера на пладне го бараше од мрак зеде од сонцето светлина и да ја затвори во својата дланка по чии линии бродат корабите на твојата душа. |
| melpomena | Елипса II Ние не сме одовде и ние овде нема да останеме Ќе останат како ветрови зборови да лутаат и завиваат Далечна љубов ќе дојде по своите деца и сите ѕвезди едни до други блиску ќе се С#232; што сонувавме вистина ќе биде Од атом ослободена музика место збор во нас како елегија за едно минато време ќе пее. |
| melpomena | Втора стража Во април те испуштаат моите раце Те преземаат како успиено дете, мудрец и воин - рацете на Природата. Тука околу нас се сите часовници на времињата. Работат. Пролетта работи во цутовите Не го разбирам гласот на кукавицата Ластовиците летаат високо а јас син ти во ова врткалиште на елементите во наезда, но така спокојно, ги распоредувам силите мои - твои сили во една голема песна за целиот свет да бидат, и во овој наш дом в планина место да има за песната. Твојата невиност и грижа на родител вчера на пладне печат му удри на сонцето Ги затегна и покрена планините како бродови. |
| melpomena | Елипса III Одзад ѕидот вреворат, тропкаат в место, слегуваат и се искачуваат по скалите на омраза жителите на злото. Од зборот отклучувам радиум и го озрачувам тоа седело на стршлени, Во меѓата се крева петопрст и јагне блее. Јупитер и Сатурн налактени врз планина ја мотаат преѓата на нивниот темен глас. |
| melpomena | Трета стража Тука се како и пролетта и оние добрите од народот дојдени што живеат живот на коња и на крилја. Ни се привсенија сите времиња, царства и пушкарници та сега во таа испомешана слика на народот, врвицата само ти ја знаеш а јас сум крај тебе на стража и мојот дух на будноста се искачува по нагорнина и на нишан зема секоја измислена небиднина а останува на исто место твојата ѕвезда Тебе татко сега ништо не те збунува тебе на одење мене во последно видување: ни мирисот на јагличицата, ни покривката снег. Пепел се истура по филџани и ѕвезди. |
| melpomena | Четврта стража Чудни денови без тебе. Дрвото би сакал како на птица да ми биде дом. Лисјето што издржуваат жега и невреме тоа се твоите зборови, твоето семе. Чудни денови без тебе-нежност струи, писалката на ветрот по мапата на моите скитања бележи песни. Преостанува да те побарам по ѕвезди и џебови. Часовникот е каменот на едно друго време. Имаш облик во сонот, преодни часови и некој чуден ден, голем сон кога сакам да молчам а с#232; да ти речам. Никогаш толку блиску до тебе. Никогаш толку далеку од тебе. Чудни денови без тебе. Цел живот на Стража со тебе. |
| melpomena | избор од „Стражи“ Елипса I Ме виде на сон а јас на Север чув како работат часовниците на смртта и ти како се бориш и како отклучуваш простори и ја заведуваш големата сенка да не ти ги покрие очите за да го видиш сина си потоа таа голема сенка од пролетта прави есен и ги затвора патиштата пристапот кон тебе да биде тежок како кон престол на болот на кој лежиш прикован а само гранче на прв цут на црешна трепери врз камен како врз дланка и зема душа на пролет од гласот на твојот Дух. Ангелот е во воздухот, со една нога на земја. |